Премиерот на Бугарија Кирил Петков се очекува денеска да поднесе оставка. Ова самиот го кажа на крајот на минатата недела. Ова дојде по расколот во владејачката коалиција и заминувањето на „Има таков народ“.
Следеше гласање за недоверба, по што падна владата со гласовите на ГЕРБ, СДС, Вазраждане и ИТН.
Шефот на државата во наредните денови се очекува да додели истражен мандат на првата политичка сила – „Продолжуваме со промената“, а премиерот Кирил Петков веќе потврди дека ќе направи напори да формира кабинет во рамките на ова Народно собрание. . Но, доколку Петков не успее да го исполни мандатот, на потег е втората политичка сила – ГЕРБ-СДС.
Доколку и тие не најдат доволно гласови, шефот на државата избира која партија е следна да се обиде за кабинет. Во случај на неуспех, Радев мора да го распушти Националното собрание, да избере преодна влада и да закаже избори.