Кирил Петков ја поднесе оставката од кабинетот до Народното собрание по гласањето за недоверба, кое беше изгласано минатата недела.
Ова дојде по расколот во владејачката коалиција и заминувањето на „Има таков народ“.
Следеше гласање за недоверба, по што падна владата со гласовите на ГЕРБ, СДС, Вазраждане и ИТН.
Во наредните денови се очекува претседателот да даде истражувачки мандат на првата политичка сила – „Продолжуваме со промената“.