Живот

Денеска е Св. Тихон Чудотворец

Денеска е Св. Тихон Чудотворец

Живееше во четвртиот и петтиот век. Се роди на островот Кипар, во градот Аматун. Родителите му беа христијани и го воспитаа во Христовиот дух. Уште како млад, Тихон се истакна со својот добродетелен живот.

Аматунскиот епископ Мемнон го забележа момчево и го ракоположи во чин ѓакон.

А по смртта на Мемнон, свети Тихон беше еднодушно избран за епископ на градот.

Проповедаше меѓу јазичниците на Аматун и на многумина им ја откри светлината на Христовата вера. Неговите напори Бог ги овенча со дарот на чудотворство.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни