Свет

Папата имплицитно ја обвини Русија за агресија и империјализам во Украина

Папата имплицитно ја обвини Русија за агресија и империјализам во Украина

Папата Франциск денеска имплицитно ја обвини Русија за „вооружено освојување, експанзионизам и империјализам“ во Украина, нарекувајќи го конфликтот „сурова и бесмислена агресивна војна“.

Во разговор со делегацијата на православните лидери во Рим, тој изјави дека тоа е конфликт на христијани кои се свртеле едни против други.

И во Русија и во Украина мнозинството се православни христијани. Но, во Украина има значајно католичко малцинство.

– Помирување меѓу раздвоените христијани, како средство за придонес на мирот меѓу народите во конфликтот, овие денови е вистинско време за негово разгледување, затоа што нашиот свет е нарушен со сурова и бесмислена војна каде многу, многу христијани се борат едни против други, изјави папата.

Тој, очигледно мислејќи на Русија, додаде дека сите треба да „признаат дека вооружените освојувања, експанзионизмот и империјализмот, немаат никаква врска со кралството што го прогласи Исус“.

Вчера папата го осуди нападот на трговскиот центар во Кременчук, најновиот во низата „варварски напади“ врз Украина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни