Свет

Руски проектил погоди станбена зграда во Одеса, најмалку 17 загинати

Руски проектил погоди станбена зграда во Одеса, најмалку 17 загинати

Украинските сили соопштија дека руски проектил погодил деветкатна станбена зграда и одморалиште во близина на украинското црноморско пристаниште Одеса, при што загинале најмалку 17 луѓе, а десетици се ранети.

Министерството за вонредни ситуации соопшти дека околу еден час по полноќ проектил погодил зграда во градот Билгород-Дњестровски и дека, според досегашните информации, ранети се 30 лица.

Портпаролот на регионалната администрација на Одеса, Серхи Брачук, изјави за украинската државна телевизија дека е во тек операција за спасување, бидејќи некои луѓе останале затрупани под урнатините.

„ Друга ракета го погоди одморалиштето при што загинаа најмалку три лица, меѓу кои и едно дете, а беа повредени повеќе луѓе, рече Брачук.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни