Свет

Речиси 80 руски авиони задржани во странство

Речиси 80 руски авиони задржани во странство

Во странство досега се задржани вкупно 77 руски авиони, изјави рускиот министер за транспорт Виталиј Савељев.

Тој рече дека Русија успеала да врати по еден авион и дека се бори за секој авион.

Според него, некои руски авиони биле задржани на барање на лизинг компании, додека некои не можеле да полетаат бидејќи европските земји одеднаш го затвориле својот воздушен простор за руските авиони, пренесе ТАСС.

Министерството за транспорт на Руската Федерација претходно соопшти дека во Русија оперираат 1.274 авиони, од кои 1.207 се регистрирани во таа земја, вклучувајќи 1.151 патнички авион.

Рускиот премиер Михаил Мишустин во март изјави дека владата ќе им помогне на руските авиокомпании да ја зачуваат својата флота на странски авиони.

Тој најави даночни ослободувања за банкарските штедачи и сопствениците на автомобили и зборуваше за заштита на руските компании од побарувањата на странските косопственици.

Мишустин вети дека списокот на мерки постојано ќе се проширува врз основа на развојот на ситуацијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни