Балкан

ВИДЕО: Македонец учествуваше во тешка сообраќајка во Грција – две лица загинаа, најмалку 4 се повредени

ВИДЕО: Македонец учествуваше во тешка сообраќајка во Грција – две лица загинаа, најмалку 4 се повредени

Голема трагедија се случила во градот Кукуш (Грција) синоќа околу 23:30 часот на 62 км од новиот национален пат Солун – Нео Петрициу.

Имено, во сообраќајна несреќа загинале две лица, а најмалку четворица се повредени.

Грчките медиуми пишуваат дека се се случило откако возач на патролно возило налетал на стадо диви свињи пред себе и немал време да реагира.

Од таму велат дека патролното возило, кое било управувано од 42-годишен полициски службеник со кого биле уште двајца колеги на возраст од 44 и 36 години, на патот кон Кукуш налетале на диви свињи, па возачот иако се обидел да ги избегне сепак удрил во нив и со автомобилот излетал од патот.

Сепак, според информациите, зад патролното возило, се наоѓало уште едно возило во кое возачот исто така немал време да реагира по што удрил во него.

Во оваа несреќа починале двајцата грчки државјани (членови на национална гарда кои работеле во складишта за чување на муниција), додека пак повредени се најмалку четири лица, од кои тројцата полицајци. Двајца од полицајците се тешко повредени.

Во исто време, 56-годишен возач на автомобил со регистерски таблички од Северна Македонија, кој се движел кон Дојрани, брзо реагирал и излетал од патот, избегнувајќи го сударот со патролното возило.

50-годишниот сопатник бил полесно повреден од неговото излетување.

Во моментов се уште се истражуваат околностите за тоа што се случило, но се проценува дека се започнало од судирот на патролен автомобил со стадото диви свињи.

Според локалните жители, бројот на диви свињи е драстично зголемен и нивната појава на полињата со пченка, како и во населените места е вообичаена глетка.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни