Балкан

Продолжува потрагата по исчезнатиот Македонец на Халкидики

Продолжува потрагата по исчезнатиот Македонец на Халкидики

Четврти ден продолжува потрагата по исчезнатиот 28-годишниот турист од Северна Македонија.

Тој се води како исчезнат од сабота попладне, кога бил однесен од силни морски струи, на плажата Мити, во Посеиди, Халкидики.

Во операцијата од утрото учествуваат три пловечки бродови и четири патролни возила на крајбрежната стража, како и групи доброволци, додека во текот на денот се очекува да се вклучи и авион во потрагата.

Условите во истражуваното подрачје денеска се поповолни во однос на претходните 24 часа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни