Македонија

Костадинов: Дебакл на Мицкоски, само 20 пратеници гласаа за интерпелација на Димитров

„Уште еден пораз за антизападниот Мицкоски од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Едвај 20 пратеници гласаа за интерпелацијата на министерот Димитров. Антизападните елементи предводени од Христијан Мицкоски се сè послаби“, рече портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов на денешната прес-конференција во Собранието.

Дебаклот на Мицкоски е јасен, само една шестина од пратениците, од вкупно 120 пратеници, само 20 од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржаа интерпелацијата.

Се изгуби цел еден ден за пратениците да расправаат за антизападните желби на Мицкоски, наместо да се посветат на реформите што се во интерес на државата и граѓаните.

Ова е уште еден доказ, единствена цел на Мицкоски е да ја распушти пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Антизападниот Мицкоски знае дека го чека пораз на претседателските избори, го чека пораз на парламентарни избори кога и да се одржат“, изјави Костадинов.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни