Од Општина Гази Баба соопштија дека се запознаени со проблемот на жителите кои имаат проблеми со слаб напон на струја, но, како што велат од таму, надлежен за проблемот е ЕВН.
„Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски е запознаен со проблемот на жителите од улица 28 од населба Синѓелиќ, кои имаат проблеми со слаб напон на струја. Георгиевски заедно со директорот на подружницата на ЕВН за тој регион, се сретна со жителите од ова населено место кои лично му го пренесоа проблемот.
И покрај напорите на Георгиевски што поскоро да се реши овој проблем, меѓу граѓаните и ЕВН, сепак надлежноста е на ЕВН Македонија, која е надлежна за напојувањата со струја, која во зависност од нивниот правилник за работа, треба да изнајде решение за овој проблем.
Општина Гази Баба и понатаму ќе биде отворена општина која ќе ги слуша проблемите на своите граѓани од сите населени места и ги решава само оние кои се во нејзина надлежност.“, се вели во соопштението на општината.