Димовски: Ни беше ветено дека се затворени сите прашања со сите соседи, а денеска имаме отворање на 19 вековни дилеми
Поранешниот пратеник Илија Димовски денеска во летното издание „Click21“ на ТВ21 посочи дека на Македонија и било ветено дека се затворени сите прашања со сите соседи, а денеска има отворање на 19 вековни дилеми.
„Нас во 2019 година кога во Собранието беше доставен договорот за добрососедство со Бугарија ни беше претставено дека се затвораат сите отворени прашања со Бугарија, подоцна со Преспа ни беше претставено дека се затвораат сите отворени прашања со сите соседи. Напротив што живееме денеска, живееме отворање на 19 вековни дилеми“, вели Димовски.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни