Балкан

Авиони на Војската на Србија пресретнале авион на „Виз ер“ по дојава за бомба

Авиони на Војската на Србија пресретнале авион на „Виз ер“ по дојава за бомба

Министерството за одбрана соопшти дека Војската на Србија денеска подигнала неколку воени авиони за пресретнување на патнички авион во кој, според дојава, имало поставена бомба. При интервенцијата бил пробиен и звучниот ѕид.

Како што наведуваат од Министерството за одбрана, дојава за бомба била пријавена во авион на компанијата „Виз ер“, кој сообраќал на релацијата Брисел – Софија.

„Воздухопловните сили на Војската на Србија беа ангажирани по добиеното известување од Контролата на летање на Србија и Црна Гора (СМАТСА). Во највисок степен на готовност беа и дел од единиците за противвоздушна одбрана, како и силите за пребарување и спасување. По пресретнувањето на патничкиот авион, неговата визуелна идентификација и следењето до границата со Република Бугарија, авионите на Војската на Србија се вратија во матичната база во Батајница“, соопшти Министерството.

Оттаму појаснија дека силните звуци налик на детонации, кои околу 10:30 часот ги вознемириле жителите на Шумадија, биле последица на пробивањето на звучниот ѕид од воените авиони ангажирани за пресретнување.

„Министерството за одбрана и Војската на Србија изразуваат жалење поради вознемирувањето на граѓаните, но укажуваат дека во вакви ситуации е неопходно авионите што побрзо да извршат пресретнување“, се наведува во соопштението.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни