Претседателот Талат Џафери беше еден од двајцата воздржани во гласањето за измена на законот за пратеници, со кои се предвидува пратеник кој ќе биде осуден на повеќе од шест месеци казна затвор, да нема право на никаков надоместок.
Џафери објасни зошто гласаше воздржано за овој закон.
„Не сум убеден во решението на Законот, и затоа сум воздржан, а должен сум да ги почитувам процедурите“, рече Џафери.