Македонија

Кој се спаси од СЈО со одлуката на Врховниот суд?

Врховниот суд денеска даде црвено светло за Специјалното Јавно Обвинителство, односно донесе одлука со која се забранува покренување на нови нови обвиненија и отворање нови истраги по истекот на 18 месеци од преземањето на предметите.

Со оваа одлука на Врховниот суд лидерот на ДУИ Али Ахмети се спаси од истрага за пописот заедно со екс-премиерот Никола Груевски сега азилант. Исто така СЈО нема да може да покрене обвинение и против истрагата за Антонијо Милошоски обвинет во случајот „Моќник“, како и против Бујар Османи во предметот „Пациент“ и „Дизај“ за набавка на кинеските автобуси.

Ваквата одлука значи дека предметите повторно ќе се вратат назад, односно од СЈО кај ОЈО за организиран криминал.

„Врховниот суд на Република Македонија ја информира јавноста дека на 30.01.2019 година, Општата седница на Врховниот суд, по повод иницијативите на адвокатите Боро Тасевски и Еленко Миланов, поднесени врз основа на член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите (Сл.весник на РМ бр. 83/18), утврди начелно правно мислење, кое гласи: ’Специјалното јавно обвинителство може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност, како кумулативен услов. Тој не може да биде пречекорен, сметано од денот на прием на материјалите од неовластено следење на комуникации од член 2 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. По истекот на тој рок од 18 месеци, СЈО не е овластен тужител за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни дејствија, предвидени со Законот за кривичната постапка“, соопшти Врховниот суд.

Во членот 22 од Законот за СЈО стои дека ова обвинителство може да покрене истраги, да ги запре или да поднесе обвинение за нив, во рок од 18 месеци од преземањето на бомбите, а тоа е 30 јуни 2017.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни