Македонија

Протоколот за во НАТО – прашање на денови? Затвораме цела епоха, вели Димитров

Прашање на денови е кога Македонија ќе го потпише Пристапниот протокол со 29-те земји членки во седиштето на НАТО во Брисел, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров. Тој на дебатата „Националните перспективи во рамките на претседавањето на Романија со Европскиот совет“, рече дека приоритетите во раководењето на Романија со ЕУ се целосно компатибилни со амбициите и стратешките цели на земјата.

Амбасадорот на Романија во Скопје, Вијорел Станила, рече дека неговата земја ќе ја поддржи Македонија на патот кон ЕУ.

„Очекуваме позитивни перспективи во согласност со упатените пораки од официјален Букурешт кои се многу охрабрувачки за земјата“, изјави Вијорел Станила, Амбасадор на Романија.

Димитров утре ќе отпатува во Букурешт каде ќе учествува на неформална средба не министрите од земјите членки на ЕУ, на која се поканети и замијте кандидати.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни