Македонија

Загадувањето намалено во Струмица, но и натаму високо во скопскиот регион

После препораките за превземени мерки и активности во Струмица, пропишани од Владата, загадувањето во овој крај значително е намалено, па вечерва бележиме далеку подобра ситуација за разлика од изминатите денови.

Меѓутоа загадувањето и натаму е алармантно во скопскиот регион каде што на повеќе локации се измерени повеќе ПМ10 честички од дозволеното. Најаларментно е во Ѓорче Петров каде што се измерени честички осум пати повеќе од дозволеното. Скопје вечерва е седми најзагаден град во Светот.

Исто така зголемена концентрација на штетни честички има и во западниот дел на земјата.

 

 

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни