Македонија

Кривична пријава за струмичка фирма и управител: Со години нелегално тргувале и увезувале хемикалии

Кривична пријава за струмичка фирма и управител: Со години нелегално тргувале и увезувале хемикалии

СВР Струмица поднесе Кривична пријава до ОЈО Струмица против правен субјект и Н.Б.(50) од Струмица во времето на сторување на кривичното дело-управител со неограничено овластување во внатрешниот и надворешниот трговски промет, поради основано сомнение дека пријавеното правно лице и пријавеното одговорно лице во правниот субјект сториле кривично дело „недозволена трговија“ по чл. 277 ст.4 и 1 вв.чл.45 од КЗ на РСМ.

Првопријавениот правен субјект и второпријавениот во својство на управител без ограничувања на првопријавениот правен субјект, во периодот од 2020 до 2026 година неовластено вршеле увоз, складирање и продажба на предмети и стоки чиј промет е ограничен, односно се занимавале со недозволена трговија со хемикалии од поголема вредност за чиј промет се потребни одобренија за вршење на промет на големо како и посебни дозволи за увоз.

Со таквите дејствија пријавените со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно остварување на исто односно продолжено кривично дело, на начин што делата ги сториле искористувајќи ист траен однос, исти прилики и активности, односно во повеќе наврати извршиле неовластена купопродажба на хемикалии чиј промет е ограничен, без притоа да ги поседуваат потребните одобренија и решенија за промет на големо со истите, без воопшто да биде поднесено барање за добивање на потребните одобренија, решенија или дозволи за увоз и без пријавеното правно лице да биде впишано во регистарот на увозници на такви хемикалии.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни