Свет

Шпанија им оддаде почит на починатите од Ковид-19

Шпанија денеска им оддаде почит на речиси 109.000 луѓе кои починаа во земјата од Ковид-19.

Церемонијата, на која присуствуваа највисоките државници во Шпанија, се одржа во период на зголемен број пациенти во болниците во земјата поради новиот бран коронавирус, кој, сепак, почна да забавува.

– „Пандемијата предизвика емоционален слом за многу Шпанци кои изгубија свои блиски луѓе“, рече кралот Фелипе Шести на комеморацијата во дворот на Кралската палата во Мадрид.

Присутни беа и премиерот Педро Санчез, регионални премиери, претставници на политички партии и роднини на лицата кои починаа од Ковид-19.

Новиот бран коронавирус што неодамна ја погоди Шпанија, како и многу други земји, е во процес на забавување, благодарение на големиот број вакцинирани. Над 92 отсто од Шпанците постари од 12 години се вакцинирани.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни