Зад затворени врати, Врховен суд одлучи СЈО да не може да поднесува обвиненија. Во долуката на Врховен се објаснува дека по истекот на рокот од 18 месеци од добивањето на предметите и прислушуваните материјали, СЈО веќе не е овластен тужител за истражни и предистражни дејствија предвидени со законот за кривична постапка. Одлуката Врховниот суд ја донесе по поднесената иницијатива од адвокатите, Еленко Миланов и Боро Тасевски, кои се бранители во неколку случаи .
Одлуката ќе треба да стапи веднаш на сила, смета Миланов. Ова ги става под знак прашалник 18-те истраги на СЈО и две поднесени обвиненија од јуни 2017. Две од нив се „Попис“ и „Пациент“, а според адвокатот иницијатор, предметот „Империја“ има најголема добивка.
Миланов рече дека одлуката ќе важи и за предметот “Талир 2“, а додаде дека би требало да важи и за „Талир 1“.
Од СЈО не сакат да ја коментираат одлуката на Врховен, а со став се очекува да излезат следниве денови. Меѓутоа, синоќа зборувајќи за иницијативата на адвокатите, специјалниот обвинител, Трајче Пеливанов, рече дека за последните обвиненија како и за оние преземени од Јавното обвинителство, испрочитуван е рокот од 18 месеци.
Неколку предмети што сега се во рацете на СЈО, Миланов смета дека не можат да се вратат во редовното обвинителство, а доколку се случи такво нешто според него прислушуваните разговори, познати како “бомби“ нема да можат да бидат употребувани како докази, бидејќи истите беа внесени преку СЈО. Но која ќе биде судбината на СЈО по одлуката на Врховен суд?
Член 22 од законот за СЈО предвидува специјалниот обвинител да може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите во негова надлежност. Рокот од 18 месеци на СЈО за отворање на нови случаи, базирајќи се на прислушуваните материјали или предметите преземени од ЈО, истекол на 30 јуни 2017.
РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ