Бујар Османи во својство на портпарол на ДУИ, денеска во изјава за медиуми го пренесе ставот на претседателот на ДУИ дека е донесена едногласна одлука на претседателството дека ДУИ ќе настапи со свој кандидат на претстојните претседателски избори. Сепак отворено е прашањето доколку наредните денови може да се најде взаемно решение со коалицискиот партнер, пренесува ТВ21.