Свет

Сите загинати во авионската несреќа во Грција се Украинци

Сите загинати во авионската несреќа во Грција се Украинци

Нема шанси да се најдат преживеани по падот на украинскиот авион во Грција. Сите 8 лица кои биле дел од екипажот на товарниот авион се Украинци.

Нивните тела беа пронајдени вчера. Има информации дека е пронајдена црната кутија на авионот.

Причината поради која истрагата не може да започне е тоа што има расфрлана муниција на теренот во областа на падот.

По сериозен преглед и проверки вчера беше констатирано дека во областа Кавала нема радијација и токсично загадување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни