Свет

Зеленски ги отпушти шефот на тајните служби и главниот обвинител на Украина

Зеленски ги отпушти шефот на тајните служби и главниот обвинител на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска издаде указ за смена од функцијата на шефот на Службата за безбедност на Украина Иван Баканов и на главната обвинителка Ирина Венедиктова, објави Ројтерс.

Наредбите за отпуштање за Баканов, пријател од детството на Зеленски, и Венедиктова, која ги предводи напорите за гонење на руските воени злосторства во Украина, беа објавени на официјалната веб-страница на претседателот. На местото на Венедиктова ќе дојде Олексеј Симоненко.

Во посебна објава на Телеграма, Зеленски рече дека ги отпуштил високите државници поради многу случаи на нивни подредени кои соработувале со Русија. Поведени се 651 кривична постапка за предавство и колаборационистичка дејност на органи на прогонот. Повеќе од 60 вработени во одделенијата на чело со Баканов и Венедиктова сега работат против Украина на териториите окупирани од Русија.

„Толков импресивен број на злосторства против основите на националната безбедност на државата и врските воспоставени меѓу службениците на безбедносните сили на Украина и специјалните служби на Русија покренуваат многу сериозни прашања за релевантните лидери. Секое од овие прашања ќе биде одговори“, рече шефот на државата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни