„Очекувам сите 29 сојузници да го потпишат протоколот за пристапување, по што Скопје ќе учествува на два состаноци на НАТО како гостин. Откако сите 29 сојузници ќе го ратификуваат протоколот, ќе ја поздравиме Република Северна Македонија како 30-ти член на НАТО“, рече Столтенберг на заедничката конференција со романскиот претседател Клаус Јоханис денеска во Романија, додавајќи дека пристапот на земјава во НАТО ќе ги зајакне мирот и стабилноста во регионот и во Европа.