Авионските патеки во Британија почнаа да се топат поради големата топлина. Тоа доведе до сериозни проблеми во воздушниот сообраќај.
Еден од аеродромите што претрпе сериозни оштетувања е Лондон Лутон. Летовите мораа да се пренасочат кон други градови во земјата. Веднаш биле повикани механичарите и инженерите да ја санираат штетата на патеката.
Температурите во Британија надминаа 38 степени во многу региони во земјата, предизвикувајќи бројни шумски пожари. Метеоролозите очекуваат рекордно затоплување до над 41 степен во наредните денови.