Продолжуваат напорите на грчките пожарникари да го локализираат пожарот во близина на Националниот парк Дадиа во областа Еврос.
Пожарот избувна вчера, гаснењето траеше во текот на ноќта од копно, а утрово продолжи и од воздух.
Интервенираат 291 пожарникар со девет пешадиски тима, 65 возила, четири авиони и четири хеликоптери, а помагаат и цистерни од општините.
Пожарот кај Еврос денеска е единствениот активен пожар во Грција, со оглед на тоа дека двата пожари што избија вчера во областа Илиа на Пелопонез веќе се локализирани.