Тахографот на полски автобус бил уништен во несреќа и откако овластен техничар се обидел да ги извлече податоците од него, тие не можеле да се прочитаат, ексклузивно дознава Јутарњи лист.
„Тоа значи дека нема да може да се утврди со која брзина се движел полскиот автобус во моментот на несреќата, иако таа треба да биде 100 km/h. Меѓутоа, во тахографот имало две дигитални картички за возач и совозач, кои укажува на тоа дека полскиот превозник правилно ангажирал двајца возачи за толку долго патување (според прописите, еден возач не можел сам да направи толку долго патување од Полска до Меѓугорје).
Според податоците од картичките на возачот, возачот и патникот до моментот на сообраќајната незгода нема сторено никакви прекршоци во однос на работните активности и истите се правилно заменети по одреден број на часови на возење“, изјави машинскиот инженер Зоран Калауз, извршен директор на компанијата „Тахограф“.
Тахографот вообичаено ги снима сите активности и дали возачот ги почитува правилата што важат во ЕУ.
Инаку во несреќата на полскиот автобус која се случи вчера рано наутро околу 05:25 часот на автопатот Горичан-Загреб, во близина на градот Брезница, живото го загубија 12 лица а повредени се 32 патници.