Жена и дете загинаа во сообраќајка на автопатот Тракија, соопшти портпаролот на полицијата во Пазарџик, Мирослав Стојанов.
Несреќата се случила утрово на подрачјето од 101 километар во правец кон Софија.
Стојанов прецизираше дека автомобил мерцедес излегол од коловозот, се превртел и се запалил. Возачот е жив бидејќи можел да излезе од автомобилот пред да се запали. Неговата сопруга загинала во автомобилот, а детето кое патувало со нив испаднало од автомобилот кога се превртело и исто така починало.
Полициски и противпожарни екипи се на терен. Во реонот на несреќата нема пречки во сообраќајот.
Повеќе детали за инцидентот ќе бидат соопштени во подоцнежна фаза, прецизира Мирослав Стојанов.