Балкан

Пожари во Европа – пламените јазици беснеат во Франција и Црна Гора

Пожари во Европа – пламените јазици беснеат во Франција и Црна Гора

олеми пожари беснеат и во Европа.

Најмалку 8 големи пожари беснеат во Франција. Најсериозна е ситуацијата во југозападниот дел на земјата, во регионот на департманот Жиронд.

Двајца пожарникари се повредени во гаснењето на пламените јазици, повеќе од 4.000 луѓе се евакуирани. Беа изгорени 16 објекти – станбени и деловни. Пожарот зафатил површина од над 6.000 хектари.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека испратило засилување од уште 1.000 пожарникари, девет авиони и два хеликоптери да се приклучат во борбата. Франција побара помош од европските земји. Шведска и Италија први одговорија и се вклучија во борбата против пожарот со специјализирани авиони.

Црногорската армија се вклучи во гаснењето на пожарите во областа на заливот Бока. Областа е популарна туристичка дестинација. Според информациите на локалните власти, нема опасност за населението и гостите од околните населени места – Пераст и Рисан.

Во текот на 9 часа два хеликоптери го гаснеа пламенот во областа. Денеска се очекува Хрватска да испрати авион за да помогне во спречувањето на катастрофата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни