Свет

Макрон го потпиша протоколот за прием на Шведска и Финска во НАТО

Макрон го потпиша протоколот за прием на Шведска и Финска во НАТО

Претседателот Емануел Макрон во саботата во име на Франција го потпиша протоколот за ратификација на приемот на Финска и Шведска во НАТО, што беше усвоен од францускиот парламент на 2 август, пренесе Франс прес.

„Овој суверен избор на Финска и Шведска ќе овозможи зајакнување на нивната безбедност наспроти актуелната закана во непосредна близина и значително ќе придонесе, имајќи ги предвид можностите на овие два партнери, за колективната позиција и за нашата европска безбедност, “, се вели во соопштението од Елисејската палата.

Шведска и Финска ја напуштија својата традиционална неутралност поради руската инвазија на Украина, потсетува АФП. Дваесет земји-сојузници „веќе ги ратификуваа протоколите“, рече министерката за надворешни работи Кетрин Колона при нивното усвојување од францускиот парламент. За нивното стапување во сила, сепак, потребно е тие да бидат ратификувани од сите триесет земји-членки. Сепак, Турција се закани дека ќе го „замрзне“ процесот, обвинувајќи ги двете скандинавски земји дека се симпатизери на Курдистанската работничка партија (ПКК) и нејзините сојузници, кои Анкара ги смета за терористички организации.

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни