Силен земјотрес утрово го потресе грчкиот остров Самос. Нема извештаи за жртви или материјална штета.
Земјотресот бил со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, јавува Геодинамичкиот институт во Атина, цитиран од БНР. Потресот бил почувствуван и на соседните острови.
Епицентарот е во морето на 27 милји од Самос на длабочина од 12 километри.
Градоначалникот на островот, Георгиос Станџу, изјави дека нема штета или повредени, но луѓето се уште се надвор.
Сеизмолозите ги повикуваат жителите и туристите да бидат внимателни барем во следните 24 часа, бидејќи експертите не можат да го предвидат бројот и јачината на последователните потреси.
Веројатно се работи за истиот земјотрес што утринава беше почувствуван во Западна Турција – провинцијата Измир. Таму магнитудата е 4,9 степени.