Свет

Во Истанбул беше отворена најголемата турска универзитетска библиотека

Во Истанбул е отворена најголемата турска универзитетска библиотека, објави „Хуриет дејли њуз“.

Библиотеката на истанбулскиот универзитет „Медениет“ ја отвори турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јави БТА.

Универзитетската библиотека има 1 милион книги. Има 3000 седишта.

„Нашите предци рекоа дека земјите освоени со меч ќе ги држи перото. Невозможно е да преживеат нациите кои ги прекинаа контактите со книгите и библиотеките“, рече Ердоган на церемонијата на отворање на библиотеката во петокот.

Владата исто така работи на претворање на касарната Рами во Истанбул во библиотека, додаде тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни