Балкан

ВИДЕО: Две деца во тешка состојба откако автобус со српски таблици се преврте во Бугарија

ВИДЕО: Две деца во тешка состојба откако автобус со српски таблици се преврте во Бугарија

„Причините за несреќата ќе се утврдуваат понатаму, во моментов имаме многу малку информации. Она што го знаеме е дека две деца се во тешка здравствена состојба“, изјави предмалку за БТВ Сијка Милева, главен портпарол на Обвинителството.

Да потсетиме дека српски автобус со деца излетал на Тракија во Бугарија.

Несреќата се случила на 217 километри во правец на Софија, кај Стара Загора, соопшти Станимир Станев, заменик главен секретар во МВР.

Меѓу повредените е и возачот на автобусот. Во возилото имало речиси 50 луѓе. Според првичните податоци, според список, во него се евидентирани 48 патници.

На местото на несреќата веднаш биле испратени екипи на итната помош и противпожарната помош. Засега сите повредени се пренесени во медицински установи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни