Водечката верзија на тешката несреќа на автопатот Тракија во Бугарија со српски автобус е човечка грешка. Ова го изјави за БТВ заменик главниот обвинител Борислав Сарафов.
„Експерти од Националната истражна служба извршија увид и на местото на несреќата и на автобусот. Не е констатирана техничка неисправност што го предизвикала падот, односно водечката верзија во овој случај останува главна – човечка грешка“, објасни Сарафов.
Тој ноќта бил на местото на несреќата заедно со главниот обвинител Иван Гешев. Јавниот обвинител најави дека случајот ќе го водат најдобрите инспектори за сообраќајни несреќи од Националната истражна служба.
Заменик-главниот обвинител прецизираше дека на патот не се пронајдени дупки или други пречки кои би можеле да предизвикаат сообраќајна несреќа.
Во текот на денешниот ден возачот најверојатно ќе биде донесен како обвинет, но ова е одлука што ќе ја донесе обвинителството во Стара Загора“, рече и Сарафов.
Претходно денеска беше пријавено дека возачот е задржан 24 часа. Тој не е меѓу хоспитализираните.