Земјотрес со јачина од 3,6 степени е регистриран утрово на грчкиот полуостров Пелопонез, објави Катимерини.
Земјотресот се случил во регионот Илија (на Западен Пелопонез), соопшти Институтот за геодинамика со седиште во Атина.
Потресот е регистриран во 06:00 часот на длабочина од 8,4 километри. Епицентарот на земјотресот бил шест километри југоисточно од селото Лалас.
Нема информации за повредени лица или материјална штета.