Пукање, тепање и закани…
Грчките медиуми наголемо објавуваат досиеја за операциите на познатата т.н. „крофна мафија“ на плажите на Халкидики, која неодамна беше уапсена од страна на тамошната полиција.
Според медиумите, членовите на оваа криминална организација ги принудувале лицата, на кои им биле потребни пари, да продаваат крофни на екстремно високи температури, а при тоа им земале поголем дел од пазарот и тоа често со физичка принуда.
Па така, од производителот се купувале крофни отприлика за 50 центи, на продавачот му биле дадени тие 50 центи, додека пак добивката од едно или две евра влегувала во џебовите на организаторите на „акцијата“.
Просечно се продавале околу 600 крофни дневно, а заработката се движела од 600 до 1200 евра, во зависност од тоа дали крофната чини 2 или 3 евра.
Ова апсење не е прв случај, односно и претходно биле апсени членови на „крофна мафија“ во Грција.
Минатата година медиумите пишуваа за оваа криминална група, наведувајќи дека на овој дел од грчкото крајбрежје се водат вистински војни меѓу „кланови“ продавачи на крофни.
Војната главно се води меѓу бугарските и албанските граѓани кои сакаат да го постигнат приматот во продажбата на крофни на плажите на Халкидики.
„Слушнав истрел и некој рече да земе чаура“
„За среќа, луѓето излегоа од градина и јас се спасив“, сведочи 44-годишниот Грузиец кој беше жртва на напад на плажата Нео Мармарис на Халкидики, и додава дека слушнал истрел, а потоа некој рекол да се земе чаурата.
Странец кој живее во Грција во последните 25 години и продава крофни, преку своето сведочење, кое го открива protothema.gr, го опишал нападот на „крофна мафија“.
Пред околу 24 часа на празна улица во Никити четири непознати мажи му го забарикадирале автомобилот, паркирајќи го своето возило, црн фолксваген туарег со покриени регистарски таблички, пречкајќи му го патот.
„Сигурен сум дека ме нападнаа затоа што продавав крофни на плажите на Халкидики“, додава тој.
Од автомобилот излегле четири лица, кои заедно со уште двајца поминале покрај автомобилот на продавачот на крофни и почнале да го удираат.
Истовремено, дел од сторителите фрлале камења кон жртвата при што ги оштетиле стаклата на возилото. Додека жртвата постојано била удирана со тупаници, видел како еден од нив вперил пиштол кон него и пукал.
Куршумот не го погодил, додека веднаш по пукањето слушнал како еден од напаѓачите вели: „Земете ја чаурата и да одиме“
Сторителите барале чаура во возилото, не ја нашле, а на крајот се откажале од потрагата, бидејќи луѓето веќе излегле во дворот поради бучавата. Потоа сторителите со автомобил побегнале на плажата.
„Сите излегоа и застанаа до моето возило. Се обидоа да ја отворат вратата, но на почетокот не успеаа. Потоа еден почна да фрла по мене со големи камења, друг ме удри со тупаница по лицето, додека третиот ме удри по ребрата. Ја покрив главата со рацете бидејќи силно ме удираа. Одеднаш слушнав истрел и луѓето кои дотогаш ме удираа одеднаш рекоа некој да ја најде и да ја земе чаурата. За среќа, луѓето излегоа на балконите и терасите, а тие влегоа во Туарегот и отидоа на плажата Никити“, го опишува нападот.