Окружното обвинителство во Стара Загора побара од судот Дарко Карасичевиќ да остане трајно во притвор. 40-годишниот Србин е возачот на автобусот кој се преврте на 14 август на автопатот Тракија во Бугарија.
Карашичевиќ е обвинет за кршење на сообраќајните правила и од небрежност нанесување умерена телесна повреда на 12 деца и двајца возрасни.
Делото е оквалификувано по член 343 став 3 б „а“ во врска со член 342 став 1 од Кривичниот законик.
На обвинетиот возач веднаш по сообраќајната незгода му е одредена мерка притвор до 72 часа со наредба на надзорниот обвинител. Окружниот суд во Стара Загора денеска треба да закаже судска седница за разгледување на случајот.