Свет

Клучна средба меѓу Володимир Зеленски, Реџеп Ердоган и Антонио Гутереш

Клучна средба меѓу Володимир Зеленски, Реџеп Ердоган и Антонио Гутереш

Во Лавов започна трилатералната средба меѓу претседателите на Украина и Турција, Володимир Зеленски и Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Пред тоа заврши разговорот што Зеленски и Ердоган го водеа во билатерален формат во палатата Поточки, јави турската приватна телевизија НТВ.

Телевизијата посочува дека на трипартитната средба ќе бидат ставени на маса две главни теми – зајакнување на ефикасноста на коридорот за жито и изнаоѓање дипломатско решение за војната во Украина.

Се очекува да се разговара и за можното посредување на Турција во размената на затвореници меѓу Русија и Украина, додава НТВ.

Ова е прва посета на турскиот претседател на Украина од почетокот на војната, како и прва средба лице в лице со Зеленски по руската инвазија. Пред тоа, Ердоган ја посети Украина на 3 февруари, т.е. На 17 дена пред почетокот на војната, потсетува ТВ каналот, пренесува БТА.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни