Во силните бури што го зафатија францускиот остров Корзика загинаа петмина, а повредени се најмалку 12 лица.
Попладнево на лице место се очекува да пристигне и францускиот министер за внатрешни работи Жерлад Дарманан.
Премиерката Елизаебт Борн преку Твитер испрати порака до настраданите од лошото време на Корзика како и до спасувачките екипи.
Метеоролошката служба соопшти дека за време на силната бура што ја зафати Корзика, ветерот понекогаш дуваше и со брзина и до 225 километри на час.