Балкан

Експертите предупредуваат: Силното невреме викендов ќе пристигне на Балканот

Експертите предупредуваат: Силното невреме викендов ќе пристигне на Балканот

Невремето што пред неколку дена ја зафати Европа предизвика големи материјални штети во Франција, Австрија, Италија и Словенија, а регистрирани се повеќе од 13 жртви.

Експертите предупредуваат дека исто вакво невреме викендов ќе пристигне на Балканот.

По долготрајните екстремни горештини предизвикани од топлотниот бран „Луцифер“, Европа се соочува со драстично поинаква ситуација.

Иако бројните шумски пожари неодамна ги парализираа Франција, Италија, Хрватска, Црна Гора и многу други земји, сега земјите се соочуваат со период на силни бури и ветрови слични на урагани.

Така, силно невреме вчера го погоди францускиот остров Корзика, каде ветерот кој дуваше со брзина до 224 километри на час корнеше дрвја и однесе покриви.

Во невремето загинаа најмалку шест лица, меѓу кои и едно дете.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни