Балкан

Се преврте автобус во Србија – возачот загина, 24 се повредени

Се преврте автобус во Србија – возачот загина, 24 се повредени

Едно лице загина, а 24 се повредени при превртување на автобус на автопатот Лесковац-Ниш. Несреќата се случила околу 5 часот утринава.

Еден од повредените патници е 13-годишно момче, кое во болница било примено со набиен стомак. Исто така, постар маж (69) се здобил со отворена скршеница на раката и скршеница на ребро. Операцијата е во тек.

Во Ургентниот центар на УКЦ Ниш има седум лица и две деца. Тие се стабилни, свесни и комуникативни. Дијагностиката е во тек. 15 повредени се пренесени и згрижени во Општата болница во Лесковац.

Водачот на патот починал на лице место.

Засега непознати се причините зошто автобусот се превртел. Во лекувањето на повредените учествувале повеќе медицински екипи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни