Маж и жена загинаа во невреме во саботата во Брезнишко, Бугарија.
Двајцата биле погодени од гром додека чекале во еден од летниковците на патот меѓу селото Гигинци и манастирот Црна Гора да престане дождот, јави БНР.
Тие биле од Перник, но имале куќа и во Гигинци, известија од општина Брезник.