Балкан

Убиена позната политичарка во Бугарија

Убиена позната политичарка во Бугарија

Општинската советничка од Велинград, Екатерина Каферинова е убиена синоќа во својот дом. Ова за bTV го изјави градоначалникот на градот, Костадин Коев.

Осомничениот е 73-годишен маж кој го пријавил убиството на 112. Приведен е, извести полицијата во Велинград.

Пријавата е направена нешто пред 21 часот. Според градоначалникот, осомничениот Минчо Столарски бил гостин кај советничката Каферинова.

Првичните информации се дека била задавена. Форензичарите се на лице место и работат на случајот.

72-годишната Екатерина Каферинова е сопственичка на пливачки комплекс. Пред 5 години била претепана од непознати лица на улица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни