ИЗВЕСТУВА ОД БЕЛГРАД: ЈОВИЦА ПАУНОСКИ
Претседателот Александар Вучиќ за вечерва ги повика премиерите на Македонија Димитар Ковачевски и на Албанија Еди Рама на работна вечера. Во моментов не е познат дневниот ред по кој ќе дискутираат гостите. Оваа средба не беше претходно официјално најавена.
Три мастер шефови, најдобрите од Србија, Македонија и Албанија ќе готват за претседателот и двајцата премиери. А ќе се наздрави со македонско вино.
Од Македонија ќе готви Зоран Андонов.
Средбата се случува во рамките на Отворен Балкан.