Балкан Македонија

Ковачевски: Комплетно да се укинат границите со Србија и Албанија оти ние сме единствен регион во светот со граници

Ковачевски: Комплетно да се укинат границите со Србија и Албанија оти ние сме единствен регион во светот со граници

ОД БЕЛГРАД ИЗВЕСТУВА ЈОВИЦА ПАУНОСКИ

„Никако не можев да разберам во минатите години кога претставници на држави кој меѓу себе немаат граници доаѓаат и ни финансиираат проекти за унапредување на граничното управување“, рече премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски во своето воведно обраќање на денешнито состанок на Отворен Балкан во Белград, Србија.

Тој рече дека целта на Отворен Балкан треба да биде целосно укинување на границите.

„Затоа сметам дека наша цел треба да биде комплетно укинување на не само на административните бариери меѓу Македонија, Србија и Албанија туку и комплетно кревање ма рампите и правење на регион којшто комуницира меѓу себе по сите основи“, додаде Ковачевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни