Полицијата пресретнала педесет и осумгодишен македонски државјанин кој на автопатот од Батровац кон Белград управувал „мерцедес“ со брзина од 212,6 километри на час, односно 82,6 км повеќе од дозволеното.
Возачот е изведен пред надлежен судија за прекршоци, кој му изрекол глоба од 100.000 динари (околу 53 илјади денари).
Македонецот добил и забрана за возење во Србија во траење од осум месеци.
Полицијата апелира до возачите доследно да ги почитуваат сите сообраќајни прописи, заради сопствена и безбедност на сите други учесници во сообраќајот.