Властите на јонскиот остров Закинтос ја затворија популарната плажа Навагио. Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала во четвртокот предизвика лизгање на карпеста маса во заливот, објави Екатимерини.
Нема информации за материјална штета или повредени посетители на плажата.
Крајбрежната стража на островот го забрани пристапот до плажата по море и копно поради страв од нови одрони.