Балкан

НАТО ја поддржа Албанија за сајбер напади

НАТО ја поддржа Албанија за сајбер напади

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, имал телефонски разговор со албанскиот премиер Еди Рама по сајбер нападите на Иран врз албанските институции, пренесува весникот „Albanian Daily News“.

Во објава на Твитер, Столтенберг истакна дека НАТО целосно ја поддржува и стои во солидарност со Албанија.

По прашањето за сајбер нападите против нашиот сојузник Албанија, кој многу сојузници го поврзаа со Иран, НАТО ќе продолжи да дава поддршка и целосна солидарност со Албанија, истакна Столтенберг.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни