Српскиот претседател Александар Вучиќ повторно изјави дека додека е претседател Србија нема да го признае „т.н. Косово“, ниту Косово ќе влезе во Обединетите нации, јави Танјуг.
На крајот од дискусијата во српското Собрание за Косово, Вучиќ рече дека не знае како да го реши косовскиот проблем.
Тој рече дека кога дошол до нешто реално, бил „смачкан од Србија“ затоа што Србите сакале многу повеќе.
Вучиќ, исто така, рече дека не верува дека може да се постигне повеќе.
Тој повторно најави дека за време на неговиот мандат, во следните четири и пол години, Србија нема да ја признае независноста на Косово, ниту пак Косово ќе влезе во Обединетите нации.
Можам да ветам дека ќе им помагам на луѓето, дека нема да дозволам погром и убивање на нашиот народ. Мислам дека тоа е дури и повеќе од она што некој друг се обиде да го вети, рече Вучиќ.