29-годишниот Андро Фабијаниќ од Загреб, кој активно им помагаше на украинските семејства и ветерани, почина во УКРАИНА, пишува „Нови лист“ .
Фабијаниќ, познат на локалните спортисти како личен тренер за фитнес, загина овој вторник во експлозија на противтенковска мина при доставување помош.
Возилото во кое загина загрепчанецот превезувал санитарен материјал за украинските борци.
Тој вчера требаше да се врати во Хрватска
Возилото во кое се наоѓало Фабијаниќ налетало на мина и притоа се ранети повеќе од украинските колеги на младиот човек. Фабијаниќ купил билет за Хрватска и требало да се врати вчера, пишува Нови лист.
Фабијаниќ работел за здружението „За херои“ од Днепропетровск, кое доставувало медицинска помош на ветераните. Фабијаниќ помогна и во евакуацијата на семејствата од Украина во Европа.
Дел од нив успешно ги префрли во Хрватска. Тој постојано го одложуваше планираното патување во Загреб, а се повеќе беше ангажиран во хуманитарна работа и помагање на Украинците во неволја.