Балкан

ВИДЕО: Огромни ненадејни поплави во Италија, најмалку 7 загинати: „Ова е водена бомба“

ВИДЕО: Огромни ненадејни поплави во Италија, најмалку 7 загинати: „Ова е водена бомба“

Силен дожд и поплави го погодија централниот италијански регион Марке доцна во четвртокот, при што загинаа најмалку седум лица, а тројца се водат како исчезнати, објавија италијанските медиуми во петокот. Локалните власти соопштија дека не очекувале ваква ненадејна „водена бомба“. Околу 400 милиметри дожд паднаа за два до три часа, поплавувајќи ги улиците на неколку градови во провинциите Анкона и Пезаро-Урбино.

Тие се уште бараат преживеани

Снимките објавени од локалните пожарникари покажуваат дека некои од спасувачите се движат низ улиците на крајбрежниот град Сенигалија на сплавови за да стигнат и да ги евакуираат луѓето, додека други се обидуваат да поминат низ подвозник. Спасувачите се уште трагаат по преживеани, соопштија властите.

Во меѓувреме, лидерот на италијанската Демократска партија (ПД) на Твитер објави дека ќе ја прекине кампањата во регионот, пред националните избори на 25 септември.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни